Tuesday, June 20, 2017

Max Factor FaceFinty 3 in1 Foundation Review



Max Factor FaceFinity 3 in 1 течната пудра ја купувам веќе трета година по ред и тоа најчесто летен период кога преферирам мат изглед и ми треба некоја подолготрајна течна пудра.

Амбалажата многу ми се допаѓа, стаклена е и има пумпичка па дозирањето е многу полесно. Тектурата е средно густа, преферирам да нанесам 2 тенки слоеви за да добијам поголема покривност.

Пудрата се суши во мат финиш, добивам одлична покривност и што е најважно не ја чувствувам тешко на лицето.

Трајноста е одлична после 6-7 часа малку засветнувам на т-зоната па затоа преферирам да ја фиксирам со камена пудра на т-зоната за подолготраен ефект.
Има 6 достапни нијанси од кои што јас ја имам 60 Sand која што е со жолт подтон. Моментално ми е за нијанса потемна ама најчесто добивам малку боја од сонцето па оваа нијаса ќе биде совршена.
Според мене одговара на секаков тип на кожа, со добра подлога би одговарала и на сува и на мрсна кожа.
Најдобро се нанесува со влажно сунѓерче за течна пудра, на тој начин се нансеува најрамномерно и изгледа најприродно.



Мене многу ми се допаѓа и ретко кога купувам иста пудра два пати а оваа ја купивам веќе по трет пат многу сум задоволна од ефектот.

Цена: 850 ден

Saturday, June 3, 2017

Golden Rose New In | Spring Edition + Reviews



Производите на Голден Роуз ги обожавам и често имам нивни новитети во несесерот. Новите производи се повеќе ме изненадуваат со квалитетот што го нудат а сепак имаат пристапни цени. Постов го спремав подолго затоа што сакав да си дадам време да ги испробам сите производи и да напишам мини рецензии за нив.



  • Golden Rose Makeup Fixing Spray

Ќе почнам од спрејот за фиксирање затоа што за него имаше најмногу заинтересираност.
Спреј за фиксирање се користи за шминката да трае подолго. Јас користам секогаш кога се шминкам и дефинитвно шминката ми трае подолго и изгледа поуредно многу подолговреме.
Разликата од другите фиксатори што ги имам користено и овој на Голден Роуз е што после нанесувањето не чуствувам затегнување  ниту пецкање него баш напротив шминката не ја ни чуствувам на лицето, и на кожата добивам по природен ефект. Кожата изглед и се чуствува многу свежо, особено камената пудра ниту најмалку не се приметува на кожата.
Спрејот не соржни ниту алкохол ниту парабени па сигурен е за секојдневно користење. Плус мирисот му е одличен мириса на букет со цвеќа. 
Исто морам да напоменам немав никакви несакани реакации од спејот. Исто така пробав да го користам пред нанесувањето на шминката може и така да се користи затоа што дава чувство на свежина ама јас најчесто го користам после нанесување на целата шминка  како фиксатор.


  • Golden Rose Highlight Stick & Foundation Stick

Овие два производи ги користам за хајлјат и контурирање на лицето. 
Ќе почнам од стикот за контурирање. Ова е пудра во стик ама новата 09 нијанса е совршена за да се користи за контурирање. Текстурата е кремаста и одлично се сенча со останатите производи. Доволна е мала количина за совршен ефект без да изгледа премногу. Јас најчесто нанесувам под јаболчниците, на челото, малку од страните на носот и многу малку на виличната коска. Контурирање со кремасти производи најчесто користам кога имам некои по специјални пригоди па шминката треба да изгледа совршено. Многу сум задоволна од трајноста и од ефектот и што е најважно цената е одлична.

Стикот за хајлајт ми е омилено нешто последниов период. Нијансата е преубава, златно/шампањ изгледа прекрасно на сечиј тен, ефектот е преубав, изгледа природно а сепак е приметливо. Најлесно се нанесува со влажно сунѓерче па потоа со тапкање се нанесува на тие делови од лицето кои што сакате да ги истакнете. Ако имате сува кожа можете да го нанесете и под течната пудра за да добиете ефект на сјајна кожа.


  • Golden Rose Lip Marker

Прв пат пробав кармин во форма на фломастер и имаме некоја love-hate линија. Апликацијата е лесна, се добива супер пигментација, најважниот дел трајноста ова чудо трае се додека самата не го отстранам и тоа мора со сретство за отстранување на шминка што содржи масло во составот. Најчесто го користам за излегување за навечер или кога знам дека цел ден нема да дојдам дома па ми треба траен кармин. Бојата е прекрасна црвена одговара на сечиј тен, со еден слој е посветла со два слоеви е потемна.



Единствена замерка е што малку ми ги суши усните, и што не можам лесно да го отстранам. Ама ако ви треба производ за усни што ќе трае цел ден дефинитивно можете да го пробате.
И да уште еден совет плус, никако немојте да го пробате на раката за да ги видите нијансите затоа што со денови ќе шетате така "запечатени" со кармин на раката (ова е од сопствено искуство). 😅

  • Golden Rose Mineral Teracotta Powder 

Бронзери користам секојдневно иако имам многу светол тен. Ми се допаѓа ефектот на исончана кожа. За пролет/лето преферирам сјајни бронзери секако нанесени во помали количини. Јас го имам 09 и овој бронзер може да се користи преку целото лице затоа што не содржи крупни светки во него, туку дава сјај на лицето. Ако сакате по сјаен тогаш 08 е совршен избор.


Нијансата е топла кафена, ама сепак не изгледа ниту најмалку порокалево. Јас го нанесувам пред да контурирам за да добијам поприроден ефект. 


  • Golden Rose Oval Brush

Овалните четки се голем тренд во светот. Ја прават апликацијата на течната пудра и коректорот полесна и посовршено нанесена. Јас пред да ја пробам оваа на Golden Rose порачав две кинески од Алиекспрес и можам да кажам дека беа ужасни, па бев многу скептична во врска со овие на Голден Роуз ама дефинитивно разликата се познава при првиот допир. Оваа четка на Голден Роуз е многу мека, пудрата ја нанесува совршено, лесно и многу брзо и што е најважно не ми впива многу производ. 
Сите на коишто им ја препорачав се презадоволни.
На мојата четка пишува дека е за бронзер и руменило, ама мене големината совршено ми одговара за течна пудра.


Contour Stick 09, Highlighter 01, Terraccotta Bronzing Powder 09, Lip Marker 103

Користени се производите од фотографиите погоре, карминот го имам нанесено во еден слој, со два слоеви е за нијанса потемен.



Ова се дел од новитетите на Голден  Роуз, во однос на цената јас сум многу задоволна. 
Дали вие имате користено некои од овие производи? Пишете ми во коментарите подолу па да размениме искуства. 

Thursday, May 25, 2017

Catrice Spring Edition


Catrice често има нови производи што е за пофалба особено многу актуелни за секоја сезона. Денес ќе читате за дел од тие што јас ги пробав.

The nude Blossom Collection


Да почнам од мојот омилен дел, сенките. Кога ја видов палетава беше љубов на прв поглед, самите бои зрачат со пролет, одлични се за секојдневен нежен изглед. Пигментацијата е одлична особено сум изненадена од светлите нијанси.
Во палетата добивате 9 сенки, 2 мат и 7 сјајни. Имате една за хајлајт и една темна за контурирање "затемнување" на окото.


Омилена ми е нијансата со боја на лосос, стои прекрасно на секоја боја на очи, и најчесто ја нанесувам секогаш на горниот дел на капакот.
Исто така со база имаат доволна долготраност за да бидете слободни да ги користите на дневна база. Палетава ми се допаѓа и многу често ја користам за секој ден затоа што самите нијанси се носливи ама сепак впечатливи, ви ја препорачувам ако сте љубители на вакви по нежни нијанси.


Catrice Couture Mascara


Ова ми е прва маскара на Catrice и можам да кажам слободно дека многу сум пропуштила. Прво што ми се допаѓа е четката, голема е па ги опфаќа дури и најмалите влакна, пластична е и со многу запци/влакна кои што совршено ги оделуваат трепките и се добива голем волумен. Самото паковање е прекрасно особено дизајнот на капакот многу ми се допаѓа.
Тектурата е средно густа па без многу труд се добива одличен ефект на трепките, јас најчесто нанесувам два слоеви. Ако сакате да пробате нешто ново, квалитетно а сепак со пристапна цена дефинитивно ви ја препорачувам маскарава е прекрасна.

Catrice Ombre Lipstick


Обожавам Омре ефект на усните и дефинитивно ми е една од омилените техники и често ја користам. Прв пат кармин со две нијанси видов во Sephora  на Benefit Cosmetics ама цената беше вртоглаво висока па не ни помислив да го купам. Catrice секогаш ги следи трендовите па имаат нивна верзија од кармините и нормално едвај чекав да ги пробам.
Паковањето е преубаво, не е класично за кармин него има форма на дијамант друг збор не ми текнува. Catrice секогаш ме изненадува со дизајнот, продуктите изгледаат многу скапо и луксузно.

Текстурта на карминот е прекрасна, многу мека и кремаста, не е многу сјајна ама не е ни мат, најважно се чувстува лесно на усните. Плус во самиот состав содржи масло од арган па ниту најмалку не ги суши усните.
Апликацијата е лесна само треба да се навикнеш. На горната усна апликацијата е многу лесна затоа што самиот кармин има истакнат врв, малце е почудно на долната усна затоа што карминот треба да го свртеш така што светлиот дел од карминот да биде во внатрешнот дел на усните а темниот на надворешниот дел.


Омбре ефектот е нежен, ништо драматично се добива ефект на пополни усни. Трае околу 3 часа после тоа треба да се нанесе повторно.
Има 6 нијанси од кои што јас ја имам 05 Please Tell Rosy впечатлива розева нијанса совршена за пролет.



Целата колкција на производи многу ми се допаѓа, од карминот би купила и уште една неутрална нијанса само поради прекрасната тектура.

Friday, May 19, 2017

Prom | Special Occasion Inspired Make up

Матурите се веќе прикрај можеби и веќе доцнам со постот, ама летно време сите имаме повеќе прослави па можеби постов некогаш ќе ви биде од корист.
Денес ви спремив еден многу лесен ама сепак гламурозен мејкап изглед. Користев продукти само од брендот Rimmel, нивните производи се со пристапни цени ама сепак нудат одличен квалитет. Посебно би сакала да ја пофалам нивната течна пудра Lasting Finnish која што ми е омилена во последен период и секако следи посебна објава за истата.
Исто така и палетата за контурирање е одлична особено хајлајтерот е баш впечатлив и дава сличен ефект како The Balm Mary Loumanizer.

На очите прво нанесов од посветлите мат нијанси само на надворешниот дел на окото, потоа нанесов од потемните. Секогаш кога се шминкате прво нанесете посветли нијанси потоа добро изблендајте ги потемните. На капакот нанесов од третата нијанса розево златна, и од хајлајтерот од палетата за контурирање. Со тушот извлечете по драматчна линија особено ако нанесете плус вештачки трепки. Јас избрав водоотпорна маскара затоа што ми е попрактична кога се работи за шминка која што треба да ми трае подолго.

На лието прво нанесов од фиксаторот потоа од двете течни пудри и сето тоа го фиксирав со камена пудра. Потоа за контурирање ја искористив новата палета на Римел, истата може да се користи и на очите.

На усните користев светло кафеав кармин со розев подтон, ама со оваа комбинација на бои можете да експериментирате и со други нијанси. Имам природно дебели веѓи па веѓите само малку истакнав со моливче една нијанса потемна од мојата природна боја.











Користени Производи:

Rimmel Lasting Finish Foundation 200 Soft Beige
Rimmel Lasting Finish Powder Soft Beige
Rimmel Perfect Match 102 Light Beige
Rimmel Fix & Go
Rimmel Sculpting Palette  Coral Glow
Rimmel Brow Pencil - Medium
Rimmel Magnif'Eye - London Nudes Calling
Rimmel Scandal Eyes Reloaded Waterproof Mascara
Rimmel Mat Eye Liner
Rimmel Matte Lipstick 700 Trendsetter



Thursday, May 11, 2017

Avon Anew Vibrating Facial Brush Review


Денес конечно ви пишувам рецензија на новата вибрирачка четка на Авон. Од вас добив многу пораки во врска со оваа четка па сега конечно можам детално да ви објаснам дали ми се допаѓа и како ја користам.

Долго време сакав ваква четка затоа што бев сигурна дека гелот нанесен со рацете не може доволно и целосно да ја исчисти кожата, ама цените беа вртоглаво високи па секогаш одложував за некој нареден ден. Авон излезе со нивна верзија и морав да ја пробам.
Е сега разликата од другите четки е што на Авон четката не се врти него само вибрира, и тоа за мене е баш плус, затоа што со помош на вибрирачкиот ефект целата нечистотија од порите излегува и плус се добива масажа на кожата.



Јас ја користам скоро 2 месеци и кожата никогаш не ми била во подобра состојба. Прво ја чистам шминката со средство за отстранување на шминка, потоа на влажно лице нанесувам плус гел, на четката секогаш има уште остатоци од течната пудра иако предходно секогаш ја бришам кожата. Четката ги отстранува сите нечистотии од порите, после употреба кожата е многу мека, после 1-2 недели од користење ќе забележите многу по здрава кожа.


Ако користите шминка секој ден доволно е да ја користите еднаш дневно навечер, ако не користите шминка можете да ја користите неколку пати неделно.
Влакната не четката не се тврди ама не се ни премеки, според мене се совршено дизајнирани за да не ја иритираат кожата ама сепак доволно цврсти за да ги исчистат порите.


  • Начин на употреба: 
Користете го еднаш или два пати дневно зависи од потребата. Прво наводенете го лицето со вода и нанесете малку гел за чистење на лицето, наводенете ја и четката и со ротирачки движења масирајте го лицето 1-2 минути притоа избегнуваќи го пределот околу очите. Потоа исплакнете го лицето, отстранете ја главата од четката убаво измијте ја и оставете ја да се исуши.
Да не се става дикрекно под вода и да не се користи со пилинг за лице.


Четката се вади и пожелно е после 2 месеци да се менува или во зависност од тоа колку често ја користите. Јас си купив и една резервна цената беше околу 300 ден.

Многу сум задоволна од четкава и многу ви ја препорачувам, особено ако секојдневно користите шминка или имате проблематично лице. Во комбинација со гел соодветен за вашиот тип на кожа оваа четка прави чуда.