Tuesday, September 8, 2015

Avon Bright Start Foundation Review





Оваа е една од најновите пудри на Авон, ја имам уште кога прв пат излезе ама нијансата ми беше претемна за да можам да ја користам па затоа мораше да почека некое време во фиока.

Прво најмногу ме привлече паковањето кое што е прекрасно! Пластична туба со розеви детали, плус најважно од се има пупма па никогаш нема да излезе повеќе производ од потребното.

Пудрава има многу лесна/слаба покривност, доволна само да изедначи тен, со два слоеви може да се постигне и средна покривност. Не прекрива темни кругови под очите, акни ниту пак флеки од акни за тоа е потребен плус котектор. Позитивно е дека има заштитен фактор 15 и многу ја хидрира кожата, веднаш по нанесувањето кожата има блескав изглед и изгледа баш како кожа не како да имате нанесено течна пудра. Во Авон пишува дека е комбинација од витамини и активни состојки и затоа го дава тој изглед на свеж и блескав тен.
Има многу лесна тектура, многу лесно се нанесува на лицето и одлично се соединува со кожата.  Морам исто така да напоменам дека на комбинирана/мрсна кожа нема да одговара, затоа што самата пудра е со блескав/сјаен завршеток па мислам дека на мрсна кожа нема да трае ни еден час, како што беше на мојата кожа но со камена пудра за мат финиш може да трае неколку часа. За нормална/сува кожа би била одлична.


Пудрава е достапна во 5 многу природни нијанси, јас ја имам honey која што е средно темна нијанса со издразен потрокалов подон, ама периодов ми одговара затоа што потемна сум во лицето а и потрокаловото не доаѓа до израз затоа што пудрава има слаба покривност.

Мене искрено ми се допадна пудрава иако нема голема покривност, дава многу убав здрав изглед на кожата и затоа би ја купила пак  во посветла нијанса за во зимски период кога кожата ми е по сува и дехидрирана.
Дали вие ја имате користено пудрата и дали ви се допаѓа?

No comments:

Post a Comment