Thursday, April 21, 2016

Ingrid Cosmetic HD Shimmer and Bronzing Powder


Денес ќе читате за 2 производи за контурирање на лице по многу поволна цена. Се работи за бронзерот и хајлајтерот на Ингрид, ако ве интересира што мислам за нив продолжете да читате.




Ingrid Cosmetics HD Shimmer Powder



За мене хајлајтерот е еден од најважните продукти при шминкањето. Дава многу свежина на лицето, па целата шминка изгледа многу поубаво. Иако светот полуде по хајлајтерите и скоро секој козметички бренд има произведено барем по еден,  кај нас многу е тешко да се најде хајлајтер по добра цена или општо хајлајтер. Денес ќе ви пишувам за хајлајтерот на Ингрид Козметика.


Спакован е во обично пластично паковање, самиот производ изгледа како еден голем сјаен цвет што е многу привлечно. За цена од 250ден добивате 21гр производ што е многу поволно.

Како што веќе имам пишувано хајлајтерот се користи за да се истакнат некои делови на лицето(се нанесуа над јаболчниците, малку на носот, под веѓите итн.), плус дава свежина на лицето особено ако користите мат пудра. :)
Овој хајлајтер дава некој нежен сјај на лицето, има средна пигменираност што може да се надоградува. На фотографии изгледа одлично и за секојдневно користење е супер затоа што не изгледа пренападно.
Трајноста зависи од тоа каква ви е подлогата ама мене ми трае цел ден додека не ја избришам шминката.
Достапен е во една поладна светла нијанса  и мислам дека оваа нијанса ќе одговара на секој тен. Јас го користам секојдневно иако преферирам јако пигментирани хајлајтери за дневен изглед овој ми е сосема доволен. Изгледа одлично па често ги користам и на клиенти.




Ingrid HD Bronzing powder 


Од бронзери никогаш доста, затоа што цело време ги користам. Многу ми е важно при изборот на еден бронзер да не биде портокалов и да може да се користи за контурирање на лицето. За секојдневна шминка преферирам контурирање со камени пудри.

Паковањето и цената се исти како и хајлајтерот.

Овој бронзер на Ингрид е потполно мат, и е со средно кафена ладна нијанса што многу ми одговара. Има средна/слаба пифментираност па нема шанци да претерате при нанесувањето и да добиете валкан ефект, што е одлично за девојки што немаат многу искуство со контурирање и за девојки со многу светол тен.
 Дека е со средна пигментираност, прво го нанесувам со поголема четка во делот под јаблочниците, на челото, малку на носот и на вратот. Потоа со мала четка прецизно го нанесувам на јаболчниците за повеќе да го истакнам тој дел.
Зависно од подлогата толку е и траен, после 5-6 часа почнува да избледува.
Исто и бронзерот е достапен во една нијанса, која што мислам дека би одговарала на различен тен.

На сликите подолу како изгледа на лицето.




Јас сум многу задоволна, особено затоа што цената е многу ниска а добивате многу производ и исто така во самата кутија од паковањето добивате илустрација како да го котурирате лицето, што е одлично за девојките што се почетници во шминкањето.

Хајлајтерот би го купила повторно затоа што дава преубав сјај на лицето и одличен е за секојдневна употреба, бронзерот е добар ама сепак преферирам по пигменирани.


Дали вие имате пробано некои производи од овој бренд?

2 comments:

  1. Kade mozam da go kupam bronzerot? Blagodaram

    ReplyDelete
    Replies
    1. Go ima vo Avtokomanda parf. Djoana
      Drachevo parf. Djoana i Pejkovski
      KiselaVoda parf. Pejkovski

      Vero, City Mall i mislam deka i vo Cosmo :)

      Delete