Friday, October 7, 2016

Best drugstore Mascara and EyeLiner



Здраво на сите, денес ќе ви пишувам за мојата омилена маскара и туш за очи. Кога купувам течен туш најчесто барам да биде со јака прецизна четка, да биде интензивно црн со мат финиш и што е најважно да не ми се преслукува на капакот.





Од сите течни тушеви што ги имам пробано секогаш се враќам на тушот од Seventeen козметика ProLiner. Тушов е совршен и има се што барам од еден туш. Четката е совршена, со само еден потег извлекувам прецизна линија, имам спуштени капаци и  тушот не ми се пресликува на капакот, трае со часови се додека не ја избришам шминката и бојата е многу интензивна. Го имам препорачано на многу девојки и сите се презадоволни. Го препорачувам 10/10




Маскарата е исто од овој бренд, и незнам како досега не сум напишала рецензија на маскарите од Seventeen, затоа што ги имам сите користено и многу сум задоволна. Даваат многу волумен и должина, лесно се отстрануваат и што е најважно многу се долготрајни.
Омилена ми е Lash Elegance таа е од новата колекција, на сликите подолу можете да видите дека дава ефект на вештачки трепки, многу волумен и должина. Четката не е пластична, густа е со мали влакненца со што одлично ги разделува трепките и ги подигнува. Би ви препорачала да не нанесувате многу слоеви затоа што самата такстура на маскарата е по густа па со многу слоеви можете да добиете спротивен ефект односо залепени трепки една до друга.

Без маскара

Со еден слој маскара


 Со 2 слоеви маскара



Ова ми се омилени производи и ги користам секојдневно, топло ви ги препорачувам да ги пробате. Цената е повеќе од одлична. Можете да ги најдете во сите подобро снабдени дрогерии низ Македонија.

No comments:

Post a Comment