Tuesday, March 14, 2017

Avene Cleanace Gel Review



На блогот долго време немам пишувано пост за кои производи ги користам за нега на кожата затоа што постојано бев во потрага по нешто ново и подобро од предходното.
После многу испробани гелови за чистење на кожата од поевтини до по скапи ви пишувам за еден од најдобрите што ги имам пробано на Avene Cleanace Gel.

Гелов е наменет за комбинирана до мрсна кожа, одлично ја чисти кожата и лесно ги отстранува остатоците од шминка. Го користам секојдневно и ниту најмалку не ми ја суши кожата ниту не ми ја иритира. Јас имам комбинирана кожа и совршено ми одговара, плус не содржи алкохол што е голем плус. Исто така потребна е многу мала количина за цело лице па паковањето од 200 мл може долго да ви потрае.
Гелов го користам веќе 2 месеци и кожата ми е многу по чиста, изгледа по мат и порите се многу помалку видливи. 

Иако се работи за одличен гел сепак прво би ви препорачала шминката да ја отстраните со мицерална вода па потоа лицето дополнително да го измиете со овој гел за лице.

Можам слободно да кажам дека гелов е еден од најдобрите што ги имам пробано и во комбинација со термалната вода исто од Avene е нешто најдобро што му се случило на мојата кожа. Многу ви го препорачувам особено ако имате проблематична мрсна кожа.

Цена 790 ден


No comments:

Post a Comment