Saturday, April 1, 2017

Avon Mark Makeup Review



Денес ви пишувам за еден мал дел од новата линија на производи на Авон.
Авон креираше нова линија Mark која е составена од смели и впечатливи мејкап производи. 
Mark им дава на трендсетерките дополнителна мотивација да го покажат својот талент со експериментирање и да си играат со техники, бои и текстури како вистински уметници.

Јас како за почеток ги пробав новата Spectralash маскара, базата за лице и кармин во впечатлива боја. 

Avon Mark Face Primer

Базата ме изненади најпријатно и нема ден да не ја користам. Совршена е за комбинирана кожа со видливи пори. Текстурата е многу кремаста и ниту најмалку не се чувствува тешко ниту лепливо на кожата. Веднаш по нанесувањето порите се помалку видливи и кожата има мат изглед па пудрата изгледа совршено нанесена над ова чудо. Исто така иако е на база на силикон не добив никаква иритација на кожата иако ми е во секојдневна употреба.
Паковањето исто така многу ми се допаѓа затоа што е изработено од пластична туба и има мал отвор па никогаш нема да изглезе премногу прозвод.
Базава многу ви ја препорачувам да ја пробате, мене ми е совршена особено дека ги пополнува порите и ги прави помалку видливи.


Avon Plum it Lipstick
Дизајнот на карминов дефинитивно ме освои, минималистичко ама сепак впечатливо паковање. Целата колекција има 15 нијанси од кои што јас ја имам Berry Cute, впечатлива нијанса совршена за пролет јас често го носев во комбинација со минималистичка шминка на очите и сјајна кожа.


Текстурата е кремаста и многу пигменирана, со само еден слој добивам совршена пигменитаност. Има хидрирачка формула па ниту најмалку не ми ги суши усните, исто така има одлична долготрајност.
Карминов ми се допаѓа и дефинитивно би си земала уште некоја нијанса особено Cocoa Kisses, а и верувам дека секоја од вас ќе се пронајде во некоја од нијансите, затоа што има по нежни и посмели бои.


Avon Mark Spectralash Mascara

До сега немав користено маскара од Авон па сум пријатно изненадена од оваа маскара. Паковањето е необично, на самото дно на маскарата има дел на навртување и со само една маскара можете да постигнете по природен и по драматичен изглед на трепките. Јас секогаш започнувам со број 1, па потоа ако сакам нешто по драматично завртувам на број 3.
Маскарата многу ми се допаѓа, текстурата е средно густа па не ги слепува трепките ниту не се рони при нанесување. Дава волумен и убаво ги раздвојува трепките и што е најважно многу е долготрајна трае се додека не ја избришам шминката.

Јас сум пријатно изненадена од новата колекција на Авон и дефинитивно би ги пробала и другите производи. Имаат пристапни цени и одличен квалитет.

No comments:

Post a Comment