Thursday, May 11, 2017

Avon Anew Vibrating Facial Brush Review


Денес конечно ви пишувам рецензија на новата вибрирачка четка на Авон. Од вас добив многу пораки во врска со оваа четка па сега конечно можам детално да ви објаснам дали ми се допаѓа и како ја користам.

Долго време сакав ваква четка затоа што бев сигурна дека гелот нанесен со рацете не може доволно и целосно да ја исчисти кожата, ама цените беа вртоглаво високи па секогаш одложував за некој нареден ден. Авон излезе со нивна верзија и морав да ја пробам.
Е сега разликата од другите четки е што на Авон четката не се врти него само вибрира, и тоа за мене е баш плус, затоа што со помош на вибрирачкиот ефект целата нечистотија од порите излегува и плус се добива масажа на кожата.



Јас ја користам скоро 2 месеци и кожата никогаш не ми била во подобра состојба. Прво ја чистам шминката со средство за отстранување на шминка, потоа на влажно лице нанесувам плус гел, на четката секогаш има уште остатоци од течната пудра иако предходно секогаш ја бришам кожата. Четката ги отстранува сите нечистотии од порите, после употреба кожата е многу мека, после 1-2 недели од користење ќе забележите многу по здрава кожа.


Ако користите шминка секој ден доволно е да ја користите еднаш дневно навечер, ако не користите шминка можете да ја користите неколку пати неделно.
Влакната не четката не се тврди ама не се ни премеки, според мене се совршено дизајнирани за да не ја иритираат кожата ама сепак доволно цврсти за да ги исчистат порите.


  • Начин на употреба: 
Користете го еднаш или два пати дневно зависи од потребата. Прво наводенете го лицето со вода и нанесете малку гел за чистење на лицето, наводенете ја и четката и со ротирачки движења масирајте го лицето 1-2 минути притоа избегнуваќи го пределот околу очите. Потоа исплакнете го лицето, отстранете ја главата од четката убаво измијте ја и оставете ја да се исуши.
Да не се става дикрекно под вода и да не се користи со пилинг за лице.


Четката се вади и пожелно е после 2 месеци да се менува или во зависност од тоа колку често ја користите. Јас си купив и една резервна цената беше околу 300 ден.

Многу сум задоволна од четкава и многу ви ја препорачувам, особено ако секојдневно користите шминка или имате проблематично лице. Во комбинација со гел соодветен за вашиот тип на кожа оваа четка прави чуда.

1 comment: