Saturday, June 3, 2017

Golden Rose New In | Spring Edition + Reviews



Производите на Голден Роуз ги обожавам и често имам нивни новитети во несесерот. Новите производи се повеќе ме изненадуваат со квалитетот што го нудат а сепак имаат пристапни цени. Постов го спремав подолго затоа што сакав да си дадам време да ги испробам сите производи и да напишам мини рецензии за нив.



  • Golden Rose Makeup Fixing Spray

Ќе почнам од спрејот за фиксирање затоа што за него имаше најмногу заинтересираност.
Спреј за фиксирање се користи за шминката да трае подолго. Јас користам секогаш кога се шминкам и дефинитвно шминката ми трае подолго и изгледа поуредно многу подолговреме.
Разликата од другите фиксатори што ги имам користено и овој на Голден Роуз е што после нанесувањето не чуствувам затегнување  ниту пецкање него баш напротив шминката не ја ни чуствувам на лицето, и на кожата добивам по природен ефект. Кожата изглед и се чуствува многу свежо, особено камената пудра ниту најмалку не се приметува на кожата.
Спрејот не соржни ниту алкохол ниту парабени па сигурен е за секојдневно користење. Плус мирисот му е одличен мириса на букет со цвеќа. 
Исто морам да напоменам немав никакви несакани реакации од спејот. Исто така пробав да го користам пред нанесувањето на шминката може и така да се користи затоа што дава чувство на свежина ама јас најчесто го користам после нанесување на целата шминка  како фиксатор.


  • Golden Rose Highlight Stick & Foundation Stick

Овие два производи ги користам за хајлјат и контурирање на лицето. 
Ќе почнам од стикот за контурирање. Ова е пудра во стик ама новата 09 нијанса е совршена за да се користи за контурирање. Текстурата е кремаста и одлично се сенча со останатите производи. Доволна е мала количина за совршен ефект без да изгледа премногу. Јас најчесто нанесувам под јаболчниците, на челото, малку од страните на носот и многу малку на виличната коска. Контурирање со кремасти производи најчесто користам кога имам некои по специјални пригоди па шминката треба да изгледа совршено. Многу сум задоволна од трајноста и од ефектот и што е најважно цената е одлична.

Стикот за хајлајт ми е омилено нешто последниов период. Нијансата е преубава, златно/шампањ изгледа прекрасно на сечиј тен, ефектот е преубав, изгледа природно а сепак е приметливо. Најлесно се нанесува со влажно сунѓерче па потоа со тапкање се нанесува на тие делови од лицето кои што сакате да ги истакнете. Ако имате сува кожа можете да го нанесете и под течната пудра за да добиете ефект на сјајна кожа.


  • Golden Rose Lip Marker

Прв пат пробав кармин во форма на фломастер и имаме некоја love-hate линија. Апликацијата е лесна, се добива супер пигментација, најважниот дел трајноста ова чудо трае се додека самата не го отстранам и тоа мора со сретство за отстранување на шминка што содржи масло во составот. Најчесто го користам за излегување за навечер или кога знам дека цел ден нема да дојдам дома па ми треба траен кармин. Бојата е прекрасна црвена одговара на сечиј тен, со еден слој е посветла со два слоеви е потемна.



Единствена замерка е што малку ми ги суши усните, и што не можам лесно да го отстранам. Ама ако ви треба производ за усни што ќе трае цел ден дефинитивно можете да го пробате.
И да уште еден совет плус, никако немојте да го пробате на раката за да ги видите нијансите затоа што со денови ќе шетате така "запечатени" со кармин на раката (ова е од сопствено искуство). 😅

  • Golden Rose Mineral Teracotta Powder 

Бронзери користам секојдневно иако имам многу светол тен. Ми се допаѓа ефектот на исончана кожа. За пролет/лето преферирам сјајни бронзери секако нанесени во помали количини. Јас го имам 09 и овој бронзер може да се користи преку целото лице затоа што не содржи крупни светки во него, туку дава сјај на лицето. Ако сакате по сјаен тогаш 08 е совршен избор.


Нијансата е топла кафена, ама сепак не изгледа ниту најмалку порокалево. Јас го нанесувам пред да контурирам за да добијам поприроден ефект. 


  • Golden Rose Oval Brush

Овалните четки се голем тренд во светот. Ја прават апликацијата на течната пудра и коректорот полесна и посовршено нанесена. Јас пред да ја пробам оваа на Golden Rose порачав две кинески од Алиекспрес и можам да кажам дека беа ужасни, па бев многу скептична во врска со овие на Голден Роуз ама дефинитивно разликата се познава при првиот допир. Оваа четка на Голден Роуз е многу мека, пудрата ја нанесува совршено, лесно и многу брзо и што е најважно не ми впива многу производ. 
Сите на коишто им ја препорачав се презадоволни.
На мојата четка пишува дека е за бронзер и руменило, ама мене големината совршено ми одговара за течна пудра.


Contour Stick 09, Highlighter 01, Terraccotta Bronzing Powder 09, Lip Marker 103

Користени се производите од фотографиите погоре, карминот го имам нанесено во еден слој, со два слоеви е за нијанса потемен.



Ова се дел од новитетите на Голден  Роуз, во однос на цената јас сум многу задоволна. 
Дали вие имате користено некои од овие производи? Пишете ми во коментарите подолу па да размениме искуства. 

No comments:

Post a Comment