Sunday, October 1, 2017

Avon Selftanning Products Review



Летото брзо заврши а јас исто толку брзо ја изгубив и тоа малку потемна боја на кожата. Многу сум светла и ретко кога да "фатам" малку боја од соцето па бев во потрага по нешто што ќе ми даде убав тен а сепак нема да имам негативни последици.
Во Македонија ретко каде може да се најдат производи за самопотемнување, па затоа решив да пробам од понудата на Авон.
Ги испробав 7 во 1 лосионот и Magic Tan пената за самопотемнување.




Прво ќе пишам за лосионот затоа што сум презадоволна и веќе го трошам третото паковање. Прво бојата е прекрасна, многу ми се допаѓа дека има за светла кожа и за потемна. Се нанесува многу еднставно како и секој друг лосион за тело. Тоа што многу ми се допаѓа е дека бојата се добива постепено, секој ден ќе гледате разлика и по секое нанесување и на тој начин нема никакви шанци да добиете флеки по телото. Лосионот исто така остава ситни светки кои што кожата ја прават да изгледа уште по совршена а самата формула е таква што воедно и ја негува кожата.
Би ви препорачала да нанесувате после секое туширање на потполно сува и исчистена кожа. Нанесете рамномерно по кожата и оставете да се впие во кожата пред да се облечете. Разлика се гледа уште при првото нанесување.


Пената ја купувам по втор пат, за разлика од лосионот со пената добивате многу повеќе боја и за многу пократок период. Ама, подготовките пред и по нанесување се различни.
Пената дава ефект на исунчана кожа во рок од 5-7 часа, бојата е интензивна и што е најважно изгледа баш природно, самиот производ мириса убаво и ефектот на кожата трае околу една недела. Пред нанесување би ви препорачала да направете пилинг на кожата и на посувите делови на кожата да нанесете лосион за тело како на пример на колената на зглобовите на рацете итн.

Пената обавезно да ја нанесувате рамномерно и со ракавици, јас имам специјални за пена за самопотемнување ама исто така можат да се користат и медицински ракавици.
Почекајте кожата потполно за се исуши пред да се облечете за да избегнете флеки како на кожата така и на облеката.


Јас сум многу задоволна од овие производи, ви препорачувам да ги пробате. Лосионот го користам многу почесто затоа што и ми е полесен за користење. Пената ја користам најчесто кога знам дека имам некој настан па сакам да имам малку повеќе тен. Исто така цената е повеќе од одлична цената не е повеќе од 300-400 ден.

Дали вие ги имате користено овие производи? Кој производ за самопотемнување ви е омилен?
Пишете ми во коментарите подолу па да споделиме искуства.

2 comments: